ОД ПОНЕДЕЛНИК ПА ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ - сите што се пријавиле ќе добијат термин за вакцинација
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2021
Вчера попладне пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, преку КОВАКС механизмот.
„Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок“, рече министерот за здарвство Венко Филипче.
Според планот на министертсвото за здравство до 15 –ти наредниот месец вратите на вакциналните пунктови ќе бидат отворени за сите кои сакаат да се заштитат од Ковид 19 и не мора претходно да бидат пријавени.
„Од понеделник во следните две недели сите граѓани ќе добијат термин за имунизација, без разлика на возраста. Тоа значи дека и помладата популација ќе може да се имунизира. Потоа вакциналните пунктови ќе продолжат да работат за оние што не се пријавиле, а имаат желба да се вакцинираат“, рече Филипче.
На располагање се вакцините Фајзер и Синовак, но граѓаните немаат право на избор.
Се очекува в недела да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19 „Синовак“ , а денеска уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот. Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.