19 Април, 2024
0.2346

Од први јануари обложувалниците во оваа соседна земја ќе се третираат како парцели со марихуана

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Леши, ги предупреди сопствениците на спортски обложувалници,кои нема да се придржуваат на одлуката на Владата за нивно затворање, дека од први јануари секоја од нив ќе се третира како парцела со марихуана.

Тој ова го порача од средбата со првите луѓе на полициските комесаријати, на која, побара максимално ангажирање на полицијата околу ова прашање.

-Од први јануари на територијата на нашата земја се забрануваат активностите на сите видови на игри на среќа. Се забранува и аудиовизулно рекламирање. Од голема важност е фактот што државната полиција е директно вклучена во спроведување на законот. Од 1 јануари 2019 година, сите простории каде што коцкањето се одвива отворено или скришно, ќе се третираат како парцела засадена со канабис,-предупреди Леши.

На средбата полициските раководтели го информирале за до сега превземни мерки и активности. Според нив поголем дел од сопствениците веќе ги затвориле обложувалнците.

Со одлука на Владата од од први јануари 2019 година се затвораат сите спортски обложувалници во Албанија, сите електронски казина, кои сега ги има низ главните улици во градовите во Албанија. Казината ќе бидат достапни само во хотели низ земјата со пет ѕвездички, кои се наоѓаат надвор од урбаните области.

-Со новата година ќе „умрат казината, обложувалниците, како и онлајн обложувањата“ напиша албанскиот премиер, Еди Рама, во средината на октомври кога беше донесена одлуката.

Инаку, во текот на 2017 година албанските граѓани потрошиле над 130 милиони евра во казина, спортски обложувалници и лотарии. Гледано по глава на жител, произлегува дека на игрите на среќа албанските граѓани годишно трошат по 46 евра, што е многу повисок износ споредено со земјите во регионот. 


Можеби ќе ве интересира

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати