18 Април, 2024
0.0282

Од што се плаши „Макпетрол“ за да ја брани акцијата со 2,76 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Да се моќни да одберат, дали малите домашни акционери – физички лица би одбрале сопствен откуп на акции или уште по 1.500 денари дивиденда на секоја акција?!!!

„Макпетрол“ резервира 170,5 милиони денари односно 2,76 милиони евра за да купува сопствени акции, ова е предолг одлука за која на претстојното акционерско собрание ќе гласаат акционерите на најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафта и нафтени деривати. Овие 170,5 милиони денари се повеќе од половината од сите пари од добивката на „Макпетрол“ остварена во 2017 година. Предлог одлуката опфаќа „Макпетрол“ доколку процени дека треба да купува сопствени акции во ценовна маргина од 15.000 денари до 60.000 денари на Македонската берза на хратии од вредност.

Доколку малите акционери не се спротивстават на овој предлог тогаш на претстојното собрание „Макпетрол“ ќе резервира повеќе од половина од својата добивка во 2017 година за ги стерилиза парите во откуп на сопствени акции. Сопствените акции не носат право на дивиденда ниту носат право на глас на претстојно собрание. Ова е законски механизам што дозволува управите на компаниите да се одбранат од непријателски превземања и од високи ценовни осцилации на нивните акции на македонскиот пазар на капитал. Суштината е дека парите на компанијата завршуваат во акции кои губат право на глас и на дивиденда наместо да се вложат во нови инвестиции или да се поделат во дивиденда на нивните акционери. Најчесто досега во кратката македонска корпоративна историја можноста за сопствен откуп на акции се користела менаџерите кои честопати се и значајни акционери да останат комотни на своите позиции и да се заштитат од нови акционери кои би ја критикувале нивната работа или би ги поставувале поинаку целите на компаниите. За да го зачуваат својот мир и комоција менаџерите кои често се и значајни акционери посегнувале, легално, по парите на компанијата и со нив ја одржувале посакуваната ценовна стабилност на акцијата на компанијата што ја раководат. Во вакви случаи законската регулатива ја прави регулаларна и легитивна маргинализацијата на гласовите на малите акционери или надворешни инвеститори во акции затоа што нивниот глас е незначаен и покрај тоа што тие никогаш не би гласале за сопствен откуп туку би гласале за дивиденда или во најмала рака за нови инвестиции во компанијата. Досега нитуе една власт во последните дваесетина година не посвети внимание да го реши ова во корист на отварање на пазарот и на зајакнување на правата на малите акционери и на надворешни инвеститори чија цел е профитот, за сметка на комотните позиции на органите на управување.

Колку пари досега стерилизираше „Макпетрол“ во сопствен откуп?

„Макпетрол“ во период пократок од 3 месеци купи 659 сопствени акции и за тоа плати повеќе од 19 милиони денари (ако за просечна пазарна цена во овој период се земе цената од 29.000 денари за една акција). Доколку раководството и мнозинските акционери на „Макпетрол“ одлучија овие пари да ги поделат во дивиденда тоа ќе значеше по 170 денари принос плус за секоја акција.

Со последната трансакција во која кон крајот на април купи 205 акции „Макпетрол“ поседува вкупно 4.241 акција што претставува 3,77 отсто од главницата. „Макпетрол“ согласно со позитивните законски прописи може да докупи до 10 отсто од својата главница односно вкупно до 11.238 акции. По актуелната пазарна цена на таа акција тоа значи дека „Макпетрол“ ако има пари може да вложи уште 4 милиони евра во сопствени акции. Во тој случај сигурно дека тие пари ќе ги стерилизира на подолг рок. Во оваа констелација на односите најголема корист од сопствениот откуп на акции во „Макпетрол“ има најголемиот акционер ОИЛКО и индиректно водството на „Макпетрол“ кои воедно се и акционери во транспортната компанија ОИЛКО.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто