20 Април, 2024
0.0259

Од среда Канада втора држава во светот со целосна либерализација на канабисот

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Канада во средa ќе стане втората земја во светот со целосно легализиран канабис инејзиното искуство ќе бидат внимателно следено од другите земји кои имаат таква намера.

Од 17 октомври, на Канаѓаните ќе им биде дозволено одгледување, поседување и употреба на канабис за рекреативни цели, по што ќе биде првата земја од Западот и втората воопшто во светот, откако пет години претходно тоа го направи Уругвај во Јужна Америка.

Деривати на канабисот, како што се храна, козметика, или е-цигари со марихуана, ќе бидат дозволени во Канада од 2019 година, но канадските компании веќе почнаа да се подготвуваат да го земат својот дел од "колачот" на пазарот кој ветува.

Легализација треба да ја стимулира канадската економија и се очекуваат дополнителни приходи во четвртиот квартал од тековната година од 800 милиони до 1,1 милијарда долари.

Според Канадскиот статистички институт, црниот пазар ќе има само удел од една четвртина.

Институтот за статистика проценува дека 5,4 милиони Канаѓани ќе купуваат канабис во овластени продавници до крајот на 2018 година или 15 проценти од населението.

"Ако работите добро тргнат, и очекувам тоа да биде така, верувам дека и другите земји ќе нè следат", заклучи премиерот Џастин Трудо.

Подготовките веќе се одвиваат во одделни региони и населени места, а локалните власти и претпријатија мора да се усогласат со новиот закон.

Федералниот парламент пролетта гласаше за легализација на марихуаната, која е забранета во Канада од 1923 година, но спроведувањето на овие реформи ќе се случат во десет провинции и три федерални територии.

Неколку од нив веќе објавија дека нема целосно да го применат новиот закон, па така тоа ќе биде дозволено само во вашиот приватен доим, или пак полицајците ќе бидат лишени од таа конзумација.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите