28 Март, 2024
0.0264

Од среда стартуваат најголемите бизнис саеми: Градежништво и Технома 2018

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамките на саемската трилогија која се случува есенва на нова локација, комплекс ВИП Арена Борис Трајковски се случуваат и двата најголеми бизнис саеми, 15. издание на Саем на Градежништво заедно со осмиот по ред RealExpo (саем на недвижности), како и 44. издание на Технома, саемот кој ги собира движечките компании од областа на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита.

Започнувајќи од МЕБЕЛ 2018 стартуваше настанот ТЕХНОИНВЕНТ кој продолжува и во рамките на овие саеми, а ќе трае до 28 октомври. Низата на настани, дебати и презентации се на тема еко-енергетика, технолошки иновации, иновации во градежништвото, но и за вработување во секотри кои допрва ќе се отвараат на македонскиот пазар на труд. Една од дебатите на тема: “Аналитичари на одржлив развој” - се однесува на создавање на работни места за млади и невработени лица со цел стекнување на компетенции, со акцент на намалување на штетното влијание врз животната средина, остварување на заштеди во работните процеси и домаќинствата како и зголемување на општествената одговорност во организација на имплементатор на ЕУ Проект - Еко Логик – Скопје.


Како што може да се види од програмскиот дел, акцент се става на енергетиката, заштедата на енергија, користењето на материјалите за енергетска ефикасност, заштита на околината, рециклирање. Технома - Градежништво - RealExpo се од важен интерес за архитектите, проектантите, дизајнтерите, градежниците како и широката публика. Најголем фокус годинава ќе се даде на презентацијата за “Енергетска ефикасност” организирана од програмскиот партнер на ТЕХНОМА и Градежништво - Европска Банка за обнова и развој преку ГЕФФ проектот (Green Economy Financing Faculty) каде на тематско - едукативната дискусија ќе се разговара за оперативните чекори за успешно информирање и користење на условите кои ги имаат банките и крајните корисници (граѓаните) за користење на ресурсите за подобрување на енергетската ефикасност во домовите. Спојот на двете саемски манифестации несомнено ќе придонесе да се направи единствен настан од голема важност за изложувачите и за посетителите. - изјави Валентина Димитрова - оперативен директор на проект - Скопски саем.

RealExpo за сите граѓани на Р. Македонија ќе понуди големи поволности за купување на станови како и поволности за купување на имот. Како и секоја година, во програмскиот дел е вклучена и Макинова, која ќе ги презентира последните достигнувања, пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, индустриски дизајн, трговски марки, младинско - истражувачко и кретаивно творештво. 

ЕКОНОВА како изложбен дел на МАКИНОВА ќе се претстави на темата на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина.

Работното време на саемите е секој работен ден од 24 до 28 октомври од 10:00 до 19:00 часот. Цената на билетите е 80 денари, а групни посети по 40 денари. On-Line билети преку мрежата на: www.mktickets.mk и www.karti.com.mk

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија