19 Април, 2024
0.0331

ОД СТОЈАКОВО ДО КИНА: Двајца Македонци нашето знаме го развиорија на Кинескиот ѕид

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Двајца Македонци од селото Стојаково, Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев  се одлучија за еден необичен и несекојдневен потег.

Тие тргнаа на пат за Кина и нивна крајна цел беше македонското знаме да го развиорат на кинескиот ѕид. Во тоа успејаа вчера.  Со 40 годишно „рено 4“ на пат се 20 дена, а сега ги чека патот за назад. Поминаа низ Србија, Романија, Украина, Русија, Монголија и Кина. Попат имале позитивни и негативни искуства, многу згоди и незгоди, за што своите фанови ги информираа на социјалните мрежи.

„По 20 дена и изминати 11.000 километри со „рено 4“ и 800 километри со Боинг 737 успеавме! Го развиоривме македонското знаме на Кинескиот ѕид и што би рекол Ѓорѓи Николов:  „Стојаково и Македонија на нозе, Кина на колена! Битката на Кинеската граница ја загубивме ама војната ја добивме!!!", пишуваат тие на Фејсбук. 

Во Пекинг топло добредојде добија од членовите на Македонската амбасада во Кина. Македонците кои се во овој кинески град ги запознаа со знаменитостите.

Граѓаните се воодушевени од нивното патување и желбата да го развиорат знамето на  својата земја на Кинескиот ѕид.

Мала перипетија имаа на монголско – кинеската граница затоа што немале договорено туристичка агенција и кинески возач со кој би се движеле на територијата на Кина, но проблемот за кратко беше надминат.

Тие го почнаа патувањето на 29 јуни од Стојаково. По големата авантура кога стигнаа до Ница и назад со нивниот олдтајмер, одлучија да се зафатат со поголем предизвик. Изминатите нецели три недели речиси немаа поголеми проблеми, среќаваа луѓе од кои добиваа голема поддршка, а беа пречекувани и од нашите претставници во амбасадите во земјите што ги посетија.

„За следно патување постојано планираме нешто, но прво да се вратиме дома, и потоа добро ќе испланираме“, велат тие. 

Очекуваат идното лето да реализираат ново патување, кое најверојатно ќе биде на друг континент. Како опција ги споменуваат Африка, Северна или Јужна Америка. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба