ОД СУМАТА ЗА НОЌЕВАЊЕ БОЛИ ГЛАВА: Нов луксузен комплекс близу Будва во Црна Гора
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2019
На само 10 минути возење од Будва во Црна Гора летово вратите ќе ги отвори уште едно луксузно одморалиште.
Како што пренесоа медиумите од таа земја Ананти Ресорт, Резиденсес енд Бич Клаб е луксузен хотел кој има и комплекс од осум вили и своја приватна плажа. Објектите, пак, имаат по три до четири спални соби од околу 500 квадратни метри, базен и широк поглед кон Јадранското Море.
Гостите ќе можат да уживаат и во приватни спа-бањи, вежбалници, џакузи, неколку соби за релаксација, тераси за ручек и скара…
Апартманите ќе чинат 440 долари за една вечер, а приватните вили – 1.600 долари.