28 Март, 2024
0.0348

Oд тикет со една „утка“ до милион денари!

ПРОГЛАСЕН ПОБЕДНИКОТ НА ВТОРА ШАНСА ЗА МИЛИОН НА SPORT LIFE!

Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Добитникот на 1 000 000 денари и победник на „Втора шанса за милион“ на Sport Life е Риста Милчевски од Крива Паланка. Тој го освои првото место со највисок „фатен“ коефициент на тикетите со еден промашен пар.

Тикетот го уплатил во октомври за 20 денари, со 20 меча, од кои промашил само еден тип, а имал вкупна квота од 19.562. Да го погодил и 20-тиот меч, ќе добиел 547 602 денара. Но, благодарение на Втора шанса на Sport Life тој доби речиси двојно повеќе.

„На тикетот погодив 19 парови, само Вест Бромвич Албион – Барнсли не излезе единица како што типував. Тој беше последен меч на тикетот, сите други 19 меча беа завршени претходно, но не го штитев, верував дека ВБА ќе победи. Уплатата беше 20 денари, секогаш по толку уплаќам“ – вели Риста, кој деновиве е херој меѓу обложувачите во Крива Паланка. Тој е долгогодишен играч кој уште во минатото бил еден од четворицата главни добитници со погодена 12-ка на југословенската Спортска прогноза. Упорноста и храброста и денес, повторно му донесоа вистински погодок.

Објектот на Sport Life во Крива Паланка беше во центарот на вниманието, редовните обложувачи и љубопитните минувачи сакаа искрено да му честитаат на добитникот. Сите што уплатија тикет од 200 или повеќе денари, добиваа промотивни грепки со награди од типот на вредносен ваучер или други промотивни производи од „СЛ маркет“.

Токму тикетите со една “утка“ наместо да се фрлаат во корпа за отпадоци, овозможија повторно изненадување и добивки за играчите на Sport Life. Покрај на прво наградениот, Втора шанса им донесе добивки на останите 4 топ рангирани играчи. Тие освоија поени на СЛ клуб картичката за вредни награди од СЛ маркетот.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира