ОД ТРУЕЊЕ СО АЛКОХОЛ ПОЧИНА ГЕРМАНКА НА КРК: Телото на туристката два дена скапувало во вилата, сопругот бил пијан, па не ѝ помогнал
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2021
Хрватските
истражители денеска соопштија дека наодите од обдукцијата и токсиколошкото
вештачење утврдиле дека 47-годишната германска туристка која почина на островот
Крк е поради акутно труење со алкохол, а приведениот Германец, односно
нејзиниот сопруг, кривично ќе одговара бидејќи не пружил помош.
Според полицијата од Приморско-горанската жупанија откриено е дека имала 3,6 промили алкохол во крвта и починала наводно два дена пред полицијата да го најде нејзиното тело.
Вечерта на 27 јули, хрватската полиција била информирана за откривање на женско тело во стан во градот Крк. Во станот полицијата пронашла и 46-годишен германски државјанин. Тој бил уапсен и задржан, а како што наведуваат бил и под дејство на алкохол со концентрација од 2,9 промили. Кривичната истрага утврдила дека тој не и помогнал на жената, па против него е поднесена кривична пријава до соодветното државно обвинителство.
Во тек е кривична истрага за откривање на сите околности на овој немил настан, објави полицијата.
ФОТО/Windwatersoul