Од утре поевтинува бензинот и дизелот

Објавено во: Економија 04 Август, 2022
Малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 од утре се намалуваат за 2 денари, додека малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за 2,5 денари, објави Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3 денари, додека цената на Мазутот М-1 НС не се менува.
Според тоа, новите цени од полноќ се: Еуросупер 95 - 93,50 (денари/литар), Еуросупер 98 96,00 (денари/литар), Еуродизел 93,00 (денари/литар), Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира
Бројните пожари и високите температури не се доволна причина, нашиот јужен сосед се враќа на јагленот

ОТВОРЕН БАЛКАН ВОДИ КОН ПОГОЛЕМА РАЗМЕНА НА РАБОТНИЦИ, нема веќе визи за граѓаните

Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики

ММФ до владите: Не ја субвенционирајте скапата струја, нека ја плаќаат цела потрошувачите

Четврт бурек за скоро време би можел да достигне 100 денари

„Бетон“ вели дека наишол на опструкции од Народна банка и Државни патишта во последното бележење на загуба

ЕВН: Голем интерес кај домаќинствата за продажба на електрична енергија
