Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот
Објавено во: Економија 20 Септември, 2021
Нема простор за поскапување на лебот, велат од Владата.
„Државата го има откупено вишокот на пченица и доколку е потребно, ќе се пушти во промет за да се регулираат цените“, вели премиерот Зоран Заев.
Рече дека сега не се размислува за интервенција на државата по најавите дека цените на лебот ќе скокнат, затоа што досега се интервенирало со намаленото ДДВ на цената на струјата.
Цената на пченицата на светските берзи во последните неколку недели расте. Од почетокот на годинава досега, цената за еден тон пченица е зголемена за 15,3 проценти.
Светската агенција за храна како причини за раст на цената на пченицата ги наведе се помалите произведени количества поради сушата, но и влијанието од коронавирусот.