Oд ВМРО - ДПМНЕ прашуваат каде е Катица Јанева седум дена?

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019
Oд ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и обвинителката Вилма Русковска ја штитат и ја кријат специјалната обвинителка која си поднесе оставка, Катица Јанева од органите на прогонот.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција реагираше дека веќе седум дена, никој не знае каде е Јанева.
„Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се’ останато. Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај“, изјави Арсовски.
Тој ги потенцираше уште еднаш актуелните партиски барања – оставка од премиерот Заев и предвремени парламентарни избори.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти

Заев најави реакција по тврдењата на БАН дека македонски јазик не постои

СТАРТУВА ВИКЕНДОВ: Прагот на алармирање за загадувањето од 188 се спушта на 175 милиграми на метар кубен

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Прогласен е крај на епидемијата на морбили

За легализација на дивоградбите ќе се плаќа 150 отсто од комуналиите

Кој не ги сака измените на Изборниот законик - ДУИ поднеле 5.000 амандмани
