Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека треба да заигра метла, но Заев прв да биде „изметен“
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека време е да заигра метлата која што ја најавуваше Зоран Заев, но прв што треба да биде изметен од Владата, е лично тој.
„Зоран Заев треба да си замине затоа што се што кажа излажа. Ниедно ветување кое што го даде на граѓаните не го исполни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека премиерот Зоран Заев доведл до тоа економијата да потоне, и иако ветил плата од 500 евра, сепка 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.
Додаваат дека колку побрзо ќе си замине Зоран Заев, толку подобро ќе биде за сите граѓани.