28 Март, 2024
0.0249

ОД ВТОРНИК РЕЧИСИ СЕ ЌЕ СЕ ЗАТВОРА ВО 18 ЧАСОТ - еве какви се новите мерки во соседната држава

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата во Србија усвои пакет мерки што ќе бидат во сила 10 дена, почнувајќи од вторник, така што не смее да има метеж во јавниот превоз, а маската е задолжителна на отворено кога не можат да се избегнат контактите, пренесува српски Курир.

Во Србија за 24 часа биле заразени 5.774 граѓани, а 28 починале. Во болниците има 6.071 пациент, а на респиратор се 209. 

Вчера српската влада усвои пакет нови мерки што ќе бидат во сила 10 дена, почнувајќи од вторник, а кои меѓу другото вклучуваат работа на ресторани, кафулиња, обложувалници и трговски центри само до 18 часот. Новите мерки исто така пропишуваат дека јавниот превоз не смее да биде преполн, дека секој што може да работи од дома, тоа да го применува, маската е задолжителна во затворен простор, но и на отворено кога не може да се избегнат меѓусебни контакти, а сите јавни собири на повеќе од пет лица се забранети, и на отворено и во затворен простор.

Значи, новите мерки се следни.

Прво, намалување на работното време до 18 часот во ресторани, кафулиња, барови, клубови, обложувалници и трговски центри.

Второ, задолжително е да се носи заштитна маска во затворени простории и надвор, каде што не може да се избегне меѓусебен контакт. 

Трето, забрана за сите јавни собири на повеќе од пет лица во затворени простории и на отворено (со исклучок на работни организации, училишта, продавници, трговски центри и слични објекти, за кои се применуваат минимум четири м2 по лице). 

Четврто, овозможување работа од дома на сите вработени чијшто процес на работа го дозволува тоа. 

Петто, строга контрола на носење заштитна маска во возилата со јавен превоз, со ограничување на максималниот број патници во возилото до половина од декларираниот капацитет на возилото. 

Шесто, строга контрола на спроведувањето на изолацијата во домот, карантинот во куќата (самоизолација) и сите други анти-епидемиски мерки на сила.

Кој ќе работи после 18 часот? 

Тоа ќе бидат само продавниците за храна, кои ќе работат до 21 часот, птеките, како и бензинските пумпи, но само услугите за точење гориво. 

Исклучени од оваа мерка се работни организации, училишта, продавници, трговски центри и слични објекти, кои подлежат на пропишаната граница за бројот на присутни лица во секое време во однос на површината на објектот од најмалку четири квадратни метри по лице, соопшти Владата.

Најавени се строги контроли за носење маска во јавниот превоз, со ограничување на максималниот број патници во возилото до половина од декларираниот капацитет, како и контроли за спроведување на домашна изолација и карантин (самоизолација).

Мерките се ограничени на 10 дена, по што ќе бидат преиспитани. Златибор Лончар, министерот за здравство, по состанокот со директорите на ковид болниците изјави дека градскиот превоз ќе се зајакне, така што ќе има помалку гужви и дека автобусите, кога ќе бидат исполнети со 50 проценти од патниците, нема да застануваат на станицата се додека не расчисти народот. 

Главниот проблем на здравствениот систем, посочи тој, е недостатокот на болнички места, особено во Белград, затоа полесни пациенти се испраќаат дури во Ниш и во Крагуевац.

Директорот на Инфективната клиника на КЦС, Горан Стевановиќ, изјави дека најголем проблем имаат со пациентите кои се обидуваат да се лекуваат дома.

„Расте процентот на оние кои се самолекуваат дома, кои сметаат дека ова може да помине самостојно. Обично, кога ќе се дијагностицира, со цел да се избегне болничко лекување, тие едноставно не се појавуваат повторно. Таквите пациенти ни се појавуваат по пет, седум или десет дена домашно самолекување и доаѓаат со тешка клиничка слика. Обично одат по единиците за интензивна нега по приемот и тие се најзагрозени“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор