20 Април, 2024
0.1498

OДБИЕНА ВИЗАТА НА НОВАК ЗА АВСТРАЛИЈА: Сагата со Ѓоковиќ не е готова

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Австралија повторно му ја одби виза на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и има намера да го депортира.

Министерот за имиграција Алекс Хок му ја одбил визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, велејќи во изјава дека одлучил да ги искористи своите овластувања според член 133C (3) од Законот за миграција за да му ја одземе визата врз основа на здравје и добар ред, и дека тоа било од јавен интерес.

„Оваа одлука уследи по наредбата од Федералниот окружен и семеен суд од 10 јануари 2022 година, со која се поништува претходната одлука за поништување од причини на правичност.

При донесувањето на оваа одлука, внимателно ги разгледав информациите што ми беа доставени од Министерството за внатрешни работи, австралиската гранична служба и г-дин Ѓоковиќ.

Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено во врска со пандемијата на Ковид-19.

„Им благодарам на Министерството за внатрешни работи и на австралиските гранични сили кои работат секој ден за да им служат на интересите на Австралија во сè попредизвикувачки оперативни средини“, рече министерот Хок во изјавата.

Ова, сепак, не е крај на сагата за останувањето или заминувањето на Ѓоковиќ од Австралија.

Ејџ пренесува дека адвокатите на тенисерот биле подготвени за ваквата одлука и дека веднаш ќе поднесат жалба.

Одлуката дојде во многу незгоден момент за Ѓоковиќ, бидејќи во понеделник почнува Австралија опен, каде Ѓоковиќ треба да биде бранител на титулата. Тој досега го освоил турнирот девет пати.

Доколку адвокатите на Ѓоковиќ не ја оспорат одлуката на министерот на суд, тенисерот ќе биде депортиран.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест