19 Април, 2024
0.0251

Одгледувачите на канабис дојдоа пред Влада: Зортот е голем и гори

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Одгледувачи на канабис за медицински цели кои ја добија потребната лиценца и започнаа со дејноста денеска побараа пред Владата веднаш да се врати во Собрание предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанци. Коста Дуковски, претседателот на Здружението на одгледувачи на медицински канабис „МакКанабис“ ја повика власта да биде сериозна, затоа што одгледувачите веќе вложиле многу пари, а се уште не можат да го извезат производот.

- Владата веднаш по итна постапка да го врати предлог-законот во Собрание затоа што во Република Македонија нема назад. Сите почнаа да инвестираат, сите фирми стојат позади мене и веќе имаат сериозни трошоци. Не мора ништо да се менува само ставот каде што треба да се дозболи извозот на цветот. Во ниту една друга држава - Грција, Малта, Шпанија, португалија нема такво нешто , да може да се произведува а да не може да се избезува цветот. Позади мене има странски инвеститори, може да ги видите, им беше кажано дека законот же се промени. Министерот за здравство и за „Ројтерс“ и за „Блумберг“ веќе рече дека законот ќе се смени. 

Ова Дуковски го оцени како политички игри додека странските инвеститори го прашуваат што е ова што се случува во Македонија. Тој бара законот да се донесе за седум дена бидејќи „зортот е голем и гори“. 

- Цветот е краен произвот, со тој треба да се третираат болни. Залихата стои и не сакам да шпекулирам бидејќи има криминалци кои демнат и сакаат да ги ограбат магацините. Вредат илјадници евра, а според времето, најверојатно ќе завршат на отпад. Таа стока не може да чека бидејќи е органска. Многу од нив ќе влезат во многу лоша финансиска состојба, рече Дуковски.

Според предложениот текст усвоен на владина седница на почетокот во октомври, канабис за медицински цели ќе може да одгледуваат само правни лица кои имаат одобрение од Министерството за здравство, добиено по претходна согласност од Владата. Владата ќе ја одобрува и секоја измена во сопственичката структура на правните лица. Компаниите кои ќе стекнат лиценца за производство на канабис во медицински цели, ќе бидат должни да уплатуваат 10 отсто од вкупниот износ без пресметан ДДВ на излезната фактура за продажба на производи, на соодветна сметка, кои се приход на Буџетот. 

Владините измени во Законот за опојни дроги и психотропни супстанци се тргнати од дневниот ред на Собранието и предлогот е вратен на доработка во Министерството за здравство. Министерот Венко Филипче вели дека тоа е направено по барање на невладините организации, кои имаа серија забелешки на законскиот текст. 

Артан Груби, претседателот на Комисијата за европски прашања потврди дека за ваков закон е потребна поширока дебата откако минатиот месец законот беше пратен во Собранието со европско знаменце. Немаше објаснување зошто овој закон беше даден највпрво на разгледување во Комисијата за европски прашања, а не во Комисијата за здравство како матична комисија за оваа проблематика.




Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет