23 Април, 2024
0.0383

Одговор на реакцијата на РЕК Битола за огласот за машините

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

По повод Реакцијата на текстот објавен денеска на „Фактор.мк“ со наслов „Чии се четирите машини за кои РЕК Битола без тендер ќе плати до 3,2 милиони евра“ имаме обврска да ги изнесеме фактите како што се дадени на изворот на информации, а тоа е интернет страницата на Бирото за јавни набавки.

Прво, во објавените договори за јавна набавка за четирите делови на кои и се однесува текстот не се наведени бројните состојби за секој тип механизација. Во договорите кои се јавно достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки во член 1 пишува цитираме „врз основа на понудата дадена од Носителот на набавката како во Прилог 1 од овој Договор. Но во јавно достапните документи го нема Прилогот 1 од Договорот и ние како медиум сме ускратени за таа информација. За жал перцепцијата во јавноста е погрешна, но тоа не е по наша вина. Да беа наведени прилозите податоците за бројната состојба ќе ги објавевме во целост.

Заради тоа што не се објавени не сме биле во можност да ги знаеме бројните состојби за ангажираните машини. И поради напред напишаното ги отфрламе како неосновани реакциите дека изнесуваме класични манипулации и груби невистини и тој дел од Вашата реакција го оценуваме како навредлив. 

Второ, на ниту едно место во јавно достапните податоци не е наведено дека станува збор за три фирми кои настапуваат во група. Од јавните документи се гледаат називи на две битолски друштва.

Трето, во договорите достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки во членот 5 јасно пишува дека договорот се склучува за времетраење до една година. Токму заради тоа идентична е конструкцијата на текстот  ќе плати до 3,2 милиони евра затоа што ни е познато дека сумата е горната предвидена граница на исплати и не мора да значи дека ќе биде искористена во целост. 

И последно, АД ЕСМ во декември 2019 година најави дека распиша набавка на нови машини со чија набавка компанијата ќе обезбеди своја механизација. Нашата работа е да ја потсетиме јавноста дека од тогаш поминаа повеќе од 13 месеци. За жал во Вашиот одговор и покрај нашето јавно барање не давате конкретен или предвидлив временски рок за финиширање на набавката.

Со почит,

Редакција „Фактор“


Можеби ќе ве интересира

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички