Одговорниот за производство на тајванските проектили пронајден мртов во хотел
Објавено во: Свет 06 Август, 2022
Оу Јанг Ли-хсинг, заменик-шеф за истражување и развој во Министерството за одбрана на Тајван, беше пронајден мртов во хотел во Пингтунг, јужен Тајван.
Оу Јанг, кој беше задолжен за различни проекти за производство на проектили, беше на службено патување во Пингтунг.
Тој беше заменик-шеф на Националниот институт за наука и технологија Чунг-Шан, кој е во сопственост на војската. Имаше 57 години.
Причината за неговата смрт е непозната и властите ги истражуваат потенцијалните причини, јавува Централната новинска агенција.
Институцијата сега работи на значително зголемување на годишниот капацитет за производство на ракети за повеќе од двојно, до близу 500 проектили оваа година. Причината поради која островот ја зајакнува својата борбена моќ е растечката воена закана од Кина.
Тензиите со Кина беа особено засилени во изминатите неколку дена откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја посети тајванската престолнина. После тоа беа организирани воени вежби во воздушниот и водениот простор на Тајван.