20 Јануари, 2020
0.0379

Одговорните тврдат нема место за паника по инцидентот во Охис, се бара одговорност од фирмата

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2019

Нема место за паника а состојбата во фабриката е под целосна контрола. Ова се последните информации од Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби а поврзани со инцидентот кој се случи во Охис.

-Состојбата во Охис е целосно под контрола и нема место за паника. Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста-соопштија од МЖСПП.

Како што информираа од министерството пилевината ќе биде собрана и во текот на денешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена.

Од одговорната фирма „Екоцентар 97“ пак за 24 вести рекле дека отпадот кој истекол во ОХИС е веќе собран, нема опасност и нема повредени.

Надзорот на локацијата ќе продолжува и денеска. 

Од друга страна пак граѓанските иницијативи за заштита на животната средина бараат одговорност од фирмата .

О2 иницијативата смета дека граѓаните не треба да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. 

„Очекуваме највисока казна за одговорната фирма „Екоцентар 97“, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат“ - реагираат од О2 иницијатива.

Можеби ќе ве интересира

Во Македонија може да се заработи плата од 1.000 евра, но во оваа струка...

Во Македонија може да се заработи плата од 1.000 евра, но во оваа струка...

Град Скопје ја превзеде „Дрисла“, ФЦЛ Амбиенте не е повеќе сопственик

Град Скопје ја превзеде „Дрисла“, ФЦЛ Амбиенте не е повеќе сопственик

ОД ПОЛНОЌ: Ќе се точи поевтин дизел, а што е со бензините

ОД ПОЛНОЌ: Ќе се точи поевтин дизел, а што е со бензините

А1 Македонија има нов извршен директор

А1 Македонија има нов извршен директор

Пензионери ќе добиваат пониски пензии затоа што ПИОМ има „дупки“ во архива?

Пензионери ќе добиваат пониски пензии затоа што ПИОМ има „дупки“ во архива?

Владата ќе им простува камати и ќе им репрограмира долгови на јавните претпријатија

Владата ќе им простува камати и ќе им репрограмира долгови на јавните претпријатија

Државата бара приватен партнер-дистрибутер на гас

Државата бара приватен партнер-дистрибутер на гас

Секој втор вработен ја напушта фирмата поради незадоволство од претпоставен: Како до нов тип лидери

Секој втор вработен ја напушта фирмата поради незадоволство од претпоставен: Како до нов тип лидери

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Од 1 јануари го зголемија минималецот

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Од 1 јануари го зголемија минималецот