19 Јуни, 2019
0.0274

Одложена седницата за уставни измени, нема договор

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019

Продолжува низата на одложувања на собраниската седница за уставните измени започната уште во средата, откако се уште не е обезбедено двотретинско мнозинство за за гласање.

Првично седницата требаше да започне точно напладне, но во моментов треба да има средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Беса, Билал Касами, во обид да се постигне договор за амандманските барања на партијата.

Се уште нема дефинитивно решение за изнаоѓање техничка формулација во однос на амандманот со државјанството, а претходно министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека тоа повлекува и потребно одобрување од другите парламентарни групи.

Вториот обид да се започне седницата е одложен за во 15 часот попладне. Денешната седница беше таргетирана како последен ден кога ќе бидат изгласани уставните измени пред топката да се префрли во грчкиот парламент на ратификација на Преспанскиот договор.

Можеби ќе ве интересира

Македонските историчари го предложиле датумот 7 октомври за Гоце Делчев, бугарските избувнале

Македонските историчари го предложиле датумот 7 октомври за Гоце Делчев, бугарските избувнале

Кирацовски демантира дека има „нова хациенда“

Кирацовски демантира дека има „нова хациенда“

Француски експерти ќе им ги пренесат на македонските своите знаења во патната инфраструктура

Француски експерти ќе им ги пренесат на македонските своите знаења во патната инфраструктура

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време ќе имаме денес

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време ќе имаме денес

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Македонија ставена на „стенд бај“ за преговорите до октомври

Македонија ставена на „стенд бај“ за преговорите до октомври

Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за санкции кон Северна Македонија

Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за санкции кон Северна Македонија

Николовски тврди дека изработено е цело досие за корупцијата во државата

Николовски тврди дека изработено е цело досие за корупцијата во државата

Пушењето цигари во комбинација со загадениот воздух ќе си го земат „данокот“

Пушењето цигари во комбинација со загадениот воздух ќе си го земат „данокот“