Одлуката најмногу ќе ги повреди Соединетите држави, одговорија Талибанците
Објавено во: Свет 09 Септември, 2019
САД ќе „страдаат најмногу од сите“ со прекинување
на разговорите, предупредуваат Талибанците, цитирани од АФП.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп
откри дека ги откажал разговорите со лидерите на Талибанците, кои требаше да се
одржат во резиденцијата „Камп Дејвид“. Одлуката е како одговор на одговорноста
на групата за нападот во Кабул, во кој загина американски војник
Талибанците сметаат дека Вашингтон на крајот ќе се
врати на преговарачката маса.
Трамп ги откажа разговорите со исламскиот емират, оваа
одлука ќе им наштети на САД, соопштија Талибанците на Твитер.
Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Мајк
Помпео, не ја исклучува можноста за продолжување на разговорите доколку
Талибанците преземат голема обврска.
Помпео исто така рече дека Трамп сè уште не
одлучил дали да ги повлече американските трупи од Авганистан, но предупреди
дека тие ќе продолжат со воениот притисок врз Талибанците доколку продолжат со
нивните напади.