25 Април, 2024
0.0286

Одобрен предлог - буџетот за 2017, се очекува раст од три проценти

Догодина се очекува економски раст од 3%.

Објавено во: Економија 20 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Владата  вчера на седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и денеска тој ќе биде доставен до Собранието.

Министерот за финансии, Кирил Миноски вели дека буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3% наредната година. За плати се предвидени 26,77 милијарди денари, а социјалните трансфери  92,7 милијарди денари. Капиталните инвестиции се планирани во износ од 26,95 милијарди денари.

„Вкупните приходи на консолидираниот буџет за 2017 година се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6% повеќе во однос на 2016 година. Вкупните даночни приходи се очекува да забележат пораст од 9,5% во однос на 2016 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 206,22 милијарди денари, или за 4,5% повеќе во однос на годинава“ – кажа Миноски.

За следната година, 51,2 милијарди денари се планирани за исплата на пензии и во тие средства е пресметано предвиденото зголемување на пензиите за 5% почнувајќи од ноемвриската пензија која пензионерите ќе ја добијат во декември 2016 година.

Извозот е предвидено да има пораст од 6%,  а увозот  ќе се зголеми за 4,7%. Бруто-инвестициите се очекува да остварат реален пораст од 4,5%.

Читајте уште 

Рекордно големиот буџет одобрен во рекордно време

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?