16 Април, 2024
0.0294

Одржан четвртиот регионален симпозиум на офталмолози организиран од „Систина Офталмологија“

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

„Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“- Загреб, и оваа година традиционално по IV-ти пат го организира регионалниот симпозиум „Новитети во офталмологијата“. Основната цел е размена на најдобрите практики од офталмологијата  меѓу професионалците во оваа област.

На 2 ноември, во присуство на  300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово каде освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет, се одржа IV -от регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на „Систина Офталмологија“ дел од Групација “Свјетлост”.

Опфатени беа различни теми од офталмолошката пракса, пред се овозможувајќи едукација и размена на искуства меѓу медицинските лица од Македонија и регионот. Предавачи на овој единствен од овој вид и размер симпозиум од оваа област, беа проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост), д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина Офталмологија) и aсс. д-р Христијан Дума (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје) и д-р Страхил Газепов (Клиничка болница – Штип).


Новитет оваа година беа и излагањата на помладите колеги доктори, како дел од програмата за обука и едукација на млади кадри – специјализанти  на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника„Свјетлост“. 

„Симпозиумот претставува одлична можност за споделување на најновите трендови во работењето кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“,  вклучувајќи и успешни резултати од примена на  нови методи за третман на очни болести. Оваа година за првпат споделија искуства и младите доктори специјализанти кои се дел од програмата за развој на млади професионалци на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“. Искуства беа пренесени и од државното здравство што претставува одличен спој на знаења, а ваквиот начин на работа само ја потврдува одличната соработка меѓу професионалците во офталмологијата, а се во улога на најдобрата можна дијагностика, избор на метода  и соодветен третман на пациентите“ - изјави д-р Златко Арнаудовски медицински директор на Систина Офталмологија. 

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!