25 Април, 2024
0.0278

ОДРЖАНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА „МЕНАЏИРАЊЕ И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕУ-ФОНДОВИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БИЗНИС МОДЕЛОТ НА ПЛАТЕЖНАТА АГЕНЦИЈА НА СЛОВЕНИЈА“

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија и Амбасадата на Република Словенија во Македонија одржаа бизнис конференција на тема: „ Менаџирање и искористување на ЕУ-фондовите за земјоделие преку претставување на бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија“

На настанот беше презентиран бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија и ЕУ, особено во однос на информатичко-технолошките решенија кои претставуваат интегрален и неопходен дел од имплементацијата на Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Во соработка со нивните клучни партнери, кои ги обезбедуваат најголемите ИТ-решенија во врска со ИТ-системите за земјоделски парцели, регистри на земјоделски стопанства, поднесување и обработка на апликации, обработка и плаќање, како и документациски системи, претставниците на Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија ги презентираа своите искуства и знаења.

Во своето поздравно обраќање пред  присутните, Н.Е Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија,  истакна дека во наредниот период во Македонија ќе дојде словенечки тим кој ќе ги пренесе словенечките искуства и ќе овозможи „know-how“, кој и е потребен на Македонија за ефикасно искористување на ЕУ-фондовите.

На настанот свое обраќање имаше и Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ, кој нагласи дека на нашата земја и е потребно да се фокусира на креирање на добар, квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи на преработувачката индустрија да обезбеди повеќе финансиски средства. Бабовски информирање дека за ИПАРД2 досега се потпишани преку 100 договори за повеќе од 4,5 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија, како и за обновување на земјоделска механизација. Тој најави дека за еден месец ќе биде распишан нов повик.

Исто така, беше посочено дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на Словенија е компјутеризирана и работи електронски. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделстовото и руралниот развој на Словенија, Бенедикт Јеранко, посочи дека процесот за добивање информации за сите корисници е поедноставен.

На презентацијата присуствуваа повеќе од 30-тина претставници на македонски компании, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агеницијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет