28 Март, 2024
0.0318

„Одржлив развој на западно тетијските металогени ресурси“, тема на 3–от Европски Форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“, што се одржува во Скопје

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Иновациите во испитувањето и вадењето руда, обработката, управувањето со отпад, перспективите на рударскиот бизнис во Европа и светот, се темите за кои ќе се дебатира на 3. Европски форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“, под мотото „Одржлив развој на западно тетијските металогени ресурси“, што денеска и утре се одржува во Скопје и завршува третиот ден со посета на рудникот Бучим.

Во своето поздравно обраќање,заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев истакна дека Владата на Република Македонија интензивно работи на нови законски мерки за стабилизирање на македонската економија и усогласување со стандардите и регулативите на развиените земји. Во Македонија постои голем потенцијал за успешно развивање на рударскиот сектор. Од тие причини ги охрабрувам присутните на денешниот Форум, активно да се вклучат во панел дискусиите и разговорите за добрите практики за одржлив развој на рударските проекти во земјава и заштитата на животната средина – потенцираше Анѓушев. Истовремено посочи и дека од големо значење е да постојат координирани активности со локалните самоуправи во развојот на овој процес преку анимирање на жителите и за бенефитите од инвестиците во рударскиот бизнис со истовремено зачувување на животната околина и елиминирање на штетите по земјоделскиот сектор чие учество во домашната економија не е за занемарување. 

Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, г-дин Чарлс Гарет, ги претстави британските компании кои присуствуваа на Форумот, како и британските инвестиции во рударскиот сектор коишто веќе се присутни и работат на Македонскиот пазар и ги охрабри да ја прошират својата рударска експертиза во регионот.

Г-ѓа Кати Чаба, амбасадор на Канада во Република Србија задолжена и за Република Македонија во своето излагање додаде дека нашата земја има големи предности, што има пристап до минерални суровини, кои доколку се користат рационално можат да обезбедат раст на животниот стандард. Одговорното рударство може да одигра значајна улога во економскиот раст и општествениот развој, како и управувањето со рудниците. Канада има одличен углед во светот како бизнис лидер во користење на напредна рударска технологија и иновативен пристап во развојот и управувањето со рудниците, посочи амбасадорката Чаба, потенцирајќи дека одговорно, одржливо рударство не значи по автоматизам штета на другите економски сектори, како земјоделието или туризмот, туку може да коегзистира во хармонија со нив.

На првата панел дискусија на тема: Рударскиот сектор во Република Македонија, предизвици и потенцијали, г-дин Николајчо Николов, претседател на Македонската Асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија, потенцираше дека иако постојат големи потенцијали во рударскиот сектор за жал не се во целост искористени. Потребно е да се воведат нови и адекватни законски регулативи коишто ќе бидат усогласени со тие на развиените земји, со што ќе се овозможи правилно функционирање на рудниците и здрава и безбедна животна средина за населението. Од тие причини, тој додаде дека ја поддржува работата на Владата во делот на носењето на новите законски мерки и регулативи за рударскиот сектор и се надева дека во што поскоро време истите, активно и успешно ќе се имплементираат.

Конференцијата организирана од МИНЕХ продолжува со реализирање на панел дискусии и конференицја на стручни теми во рамки на дејноста, со странски и домашни експерти, преставници на бизнис секторот, аналитичари. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат