28 Март, 2024
0.0314

Office 365 во портфолиото на Телеком

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

-Услугата ги вклучува Word, Excel, PowerPoint и Outlook апликациите коишто може да се користат на компјутер или преку интернет прелистувач на смартфон, таблет или лаптоп 

-Office 365 е наменет за сите компании кои сакаат да ја зголемат продуктивноста и соработка со клиентите, а во истовреме да бидат мобилни и флексибилни

Следејќи ја денешната динамика на водење, реализација и организација на бизнисот, Македонски Телеком во пaртнерство со Microsoft го збогати своето портфолио за бизнис корисници со нова услуга. Почнувајќи од денеска, на компаниите им е достапна Office 365 услугата кој ги вклучува добро познатите Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, Outlook), коишто може да се користат инсталирани локално на компјутер или преку интернет прелистувач на смартфон, таблет или лаптоп. Услугата вклучува и алатки за комуникација и тимска работа со кои компаниите ќе го освежат и трансформираат бизнисот, ќе станат поефикасни, овозможувајќи им истовремено флексибилност, сигурност и професионалност во работењето.

Office 365 е интегрирана услуга која што ги содржи сите алатки потребни за беспрекорно функционирање на една канцеларијакоја што станува достапна од кој било уред, во кое било време.

Услугата е совршена за компаниите кои што сакаат да бидат мобилни, односно надвор од својата канцеларија и во истовреме продуктивни и постојано во тек со бизнисот. Со Office 365 компаниите ќе ја подобрат соработката со клиентите, ќе бидат во тек со работата преку складирање, синхронизирање и споделување на податоци со вработените и соработниците, преку интернет во реално време.

Сите документи, контакти и комуникцијата со бизнис партнерите и вработените коишто компаниите ги креираат преку апликациите и услугите содржани во Office 365 се достапни секој ден 24/7, на сите уреди, во секое време и на секое место. Услугата е лесна за имплементација и управување, без потреба од напредно ИТ познавање.

На компаните им се достапни неколку Office 365 пакети кои што се креирани согласно нивните потреби. Повеќе информацииза достапната понуда, корисницитеможат да добијат на 120 или на веб страницатаhttp://ict.telekom.mk/office-365.nspx.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија