ОФИЦИЈАЛНО: Ова е новиот гувернер на НБРМ
Објавено во: Економија 21 Мај, 2018
Анита Ангеловска Бежоска официјално седнува во гувернерската фотелја на НБРМ.
Пратениците дадоа зелено светло на предлогот на шефот на државата д-р Анита Ангеловска Бежоска да биде гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Имено, Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше Ангеловска Бежоска а за неа гласаа 81 пратеник, воздржани и против немаше.
Ангеловска Бежоска стана првата жена гувернер на НБРМ, а на оваа позиција доаѓа од вицепремиерското место во Банката.