ОФИЦИЈАЛНО: Ова лето нема да има Европско првенство, дуелот Македонија - Косово се одложи
Објавено во: Свет 17 Март, 2020
Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да го одложи за една година Европското фудбалско првенство кое требаше да се одржи ова лето. Наместо од 12 јуни до 12 јули 2020, тоа на програмата се поместува од 11 јуни до 11 јули 2021.
Во рамки на првата точка беше решено дуелот меѓу Македонија и Косово кој решава за понатамошен пласман во последниот елиминациски двобој за пласман на завршницата решено е да се одложат исто така. Следејќи ја ситуацијата со самиот европски шампионат и овој натпревар заедно со преостанатите баражи ќе се играат во март следната година.
Денеска ќе се одлучува и како да заврши сезоната за клупските натпреварувања како Лигата на шампионите, Лигата на Европа и националните првенства.