Официјално побарано исклучување на партијата на Орбан
Објавено во: Свет 05 Март, 2019
Официјално е побарано исклучување на „Фидес“, партијата на конзервативниот унгарски премиер Виктор Орбан, од Европската народна партија, најголемата заедница на политички субјекти која доминира во Европскиот парламент.
Ова го побараа дваесет национални партии членки кои идеолошки се на иста линија со Фидес, но не се согласуваат со начинот на владеење на Орбан.
Ова го потврди Јозеф Дол, претседателот на оваа групација, а за исклучувањето ќе се решава на 20 март.
„Одлуката ја носат сите членки на Европската народна партија и не можам да предвидам каков ќе биде резултатот од расправата“, изјави Дол.