28 Март, 2024
0.0269

Официјално започнување на заеднички контроли на ГП Табановце - Прешево

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Република Северна Македонија и Република Србија на 12.07.2019 потпишаа Договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. Со ова, двете земји се први од Западен Балкан кои ќе започнат со заедничка гранична контрола. Официјалниот старт на заедничките контроли ќе биде на крај на август 2019 година, по усогласување на обврските на премиерите на двете држави.

Концептот на заеднички гранични контроли со едно застанување “one stop shop”, значи поедноставени постапки што се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, со единствено застанување, преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само на едно место. Зедничкото царинење ќе овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и унапредена примена на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се намали можноста за царински измами, поради непосредниот увид во документите што ја следат стоката, ќе се воведе контрола и вршење на граничните формалности од страна на сите надлежни органи за нивно спроведување, ќе се забрза протокот на патници и стока и ќе се заштедат ресурси потребни за реализација на концептот.

За патниците и транспортерите кои се движат од Србија кон Северна Македонија, граничната служба на Србија ќе спроведе излезна контрола на тертиторијата на нашата држава на граничниот премин Табановце, додека контролата за оние кои патуваат во обратен правец, излезната контрола  македонските гранични служби ќе ја спроведат на територијата на Србија на граничниот премин Прешево.

Во изминатиов период Царинската управа со финансиска помош на Европската Унија и на Владата на Република Македонија изврши реконструкција и модернизација на инфраструктурата на граничниот премин на Табановце со што се остварени сите предуслови за започнување на заедничките контроли. Со воспоставување на новиот начин на работа и заедничката гранична контрола на службите на двете земји, коридорот 10 ќе биде поатрактивен и поефикасен за извоз, увоз и транзит на стоки.

Граничниот премин Табановце е само почеток за крупните промени кои нѐ очекуваат на ова поле на повеќе гранични премини, во тек се и проекти со останатите  нашите соседи Албанија и Косово, што ќе донесат огромни бенефити за економските оператори.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија