ОГЛАС: Вработувања во едно од министерстата, плата над 22.000 денари
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2019
Распишан е оглас за 22 вработувања во едно од министерствата.
Се работи за Министерство за правда, Управа за водење матични книги за
вработување на 22 лица на определено време. Се бараат кандидати за помлади соработници, референти и помлади референти.
Платата во зависност од работното место се движи од 13.160 до 22.490 денари.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време за периодот заклучно со 31.12.2019 година.
Заинтересираните кандидати треба да поднесат писмо за интерес, кратка биографија, доказ за државјанство и уверение за завршено образование.
Детали за огласот, овде.