ОГЛАС ЗА НАЈСЛАТКАТА РАБОТА НА СВЕТОТ-ТРАЕ ДО 31. АВГУСТ: Годишна плата 77.000 евра
Објавено во: Економија 05 Август, 2022
За оваа „слатка“ работа, компанијата Candy Funhouse со седиште во Онтариоа, одвои годишна плата од 100.000 канадски
долари или околу 77.000 евра.
Во необичниот оглас за работа кој привлече голем интерес, е наведено дека се бара „генерален менаџер за бонбони“.
Канадската компанија бара лице, кое мора да има повеќе од пет години и кое мора да дегустира околу 3.500 парчиња бонбони месечно.
Работата, како што стои во огласот, може да се врши дома, но условот е кандидатот да мора да живее на северот на американскиот континент.
Портпаролката на компанијата, Ванеса Јанакијевски-Ребело, објасни дека компанијата веќе има три лица кои тестираат бонбони и дека сега се бара шеф кој би имал „златен вкус“.
Задачата би била да се одобрат нови производи преку тестирање на бонбони. Во рок од две недели, повеќе од 100.000 луѓе одговориле на огласот.
„Повеќето од кандидатите се возрасни, но 25 отсто од нив се деца“, рече таа.
Заинтересираните можат да аплицираат до 31 август. Откако ќе се вработат, од компанијата наведуваат дека новиот CCO ќе помине низ обемна обука за непцето меѓу другите обуки за работното место.
Можеби ќе ве интересира
Бројните пожари и високите температури не се доволна причина, нашиот јужен сосед се враќа на јагленот

ОТВОРЕН БАЛКАН ВОДИ КОН ПОГОЛЕМА РАЗМЕНА НА РАБОТНИЦИ, нема веќе визи за граѓаните

Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики

ММФ до владите: Не ја субвенционирајте скапата струја, нека ја плаќаат цела потрошувачите

Четврт бурек за скоро време би можел да достигне 100 денари

„Бетон“ вели дека наишол на опструкции од Народна банка и Државни патишта во последното бележење на загуба

ЕВН: Голем интерес кај домаќинствата за продажба на електрична енергија
