Оглас за ново вработувања: Во КХВ плата и до 62.000 денари
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2019
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе вработува пет административни службеници преку оглас објавен од Агенцијата за администрација во петокот.
Најголемата плата што се нуди е 62.000 денари за координатор на организациона единица за општи и нормативни работи, а по 54.000 денари ќе заработуваат раководител на одделение за финансиски прашања и самостоен советник за давање на дозволи и одобренија
Најмалата плата е 32.000 денари. Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Административната селекција потоа ќе трае 15 дена и ќе следат испитите и интервјуата.