25 Април, 2024
0.0281

Огромна (пре)вработеност во општините

Објавено во: Економија 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber


Во општините и службите основани од нивна страна на крајот од 2017-та работеле над 50.000 вработени лица. Односно само чистата бројка на работници во институциите што се основани од локалните управи изнесува 45.652. Истражувањето на Капитал покажува дека вработувањата се повеќе растат, а долговите на општинските буџети се натрупуваат.

Последниот Регистар за вработени во јавниот сектор на површина извади уште еден аспект на пребработеноста во општините и во јавните институции кои ги имаат основано локалните власти. Овој Регистар за прв пат дава преглед за тоа колку вработени има во секоја општина во Македонија, колкав е бројот на јавни институции кои ги има основано секоја општина, но и колку луѓе работат во овие општински јавни институции.

Кај некои општини бројот на вработени во овие изминати 10 години е зголемен за повеќе од три или четири пати. Меѓу лидерите се Македонски Брод, Чаир, Старо Нагоричане, Охрид, Тетово, Струга, Неготино кои за изминативе десет години го зголемиле бројот на вработувања за над 200%.

Но, засега никој не го става тоа прашање на дневен ред. Напротив, новата влада предводена од СДСМ најави дека државата ќе земе кредит од 250 милиони евра за да можат да се отплатат долговите на општините и тие да можат да се одблокираат.

Ако се анализира пак според бројот на вкупно вработени во општинската администрација и институциите кои ги основале општините лидер е Тетово со 30,88 вкупно вработени на 1.000 жители, Охрид со 30,37 вработени на 1.000 жители Струга со 30,12 вработени на 1.000 жители, општина Штип со 29,35 вкупно вработени на 1.000 жители, а од помалите општини лидери се Македонски брод со 39,49 вкупно вработени на 1.000 жители и општина Ресен со 34,95 вработени на 1.000 жители.

Според податоците од Министерството за финансии, општина со најголема задолженост во Македонија е Охрид. Градот Охрид  заклучно со мај 2017 година имал долг од 11 милиони евра. Ако се споредат со вкупниот буџет, односно со завршната сметка на буџетот за 2016 година обврските на општина Охрид достигнуваат дури 78%
Втора најзадолжена е општина Тетово со вкупно неплатени обврски од 8,11 милиони евра. Трета е општина Карпош која има неплатени обврски од 7,7 милиони евра, а четврта е Струга која на крајот на мај изминатата 2017 година имала 3,58 милиони евра. Општина Чаир е петта најзадолжена општина и има неплатени обврски од 2,3 милиони евра, а шеста е Куманово со 2 милиони евра неплатени обврски.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија