ОХРИД ПОД ОПАСАДА, БЕЗБЕДНОСТ НА НАЈВИСОКО НИВО: Се дочекуваат Вучиќ, Рама и Заев
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2019
Главната туристичка дестинација на Македонија, Охрид, е под опсада денес поради пристигнувањето на претседателот на Србија и премиерот на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, како и домаќинот, премиерот Зоран Заев, кои ќе ги продолжат разговорите во овој град за иницијативата за создавање на заеднички економски простор, без бариери за капиталот, стоката, услугата и луѓето.
Полициските службеници се распоредени на сите улици, а хеликоптер летал над градот за време на пристигнувањето на високите функционери.
Долж патот од Скопје до Охрид, особено од охридскиот аеродром до хотелот каде ќе се одржат состаноците, има полицајци во униформа, кои обезбедуваат поминување на делегациите.
Додека сè е подготвено за состанокот што треба да ги подобри економиите на трите држави, граѓаните на Охрид имаат големи очекувања од иницијативата, што потекнува од Претседателот на Србија.
Средовечна македонка за Танјуг изјавила дека состанокот сигурно ќе донесе нешто позитивно за сите три земји.
Трилатералната средба меѓу претседателот на Србија и премиерите на Македонија и Албанија е закажана за попладнево а точно напладне утре ќе се обратат и тројцата лидери по завршување на состанокот на лидерите од Западен Балкан.