29 Март, 2024
0.0836

Охридска банка работи на создавање технички услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Следејќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија и укажувањата на Народната банка, Охридска банка во овој период работи посветено на создавање услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти.

Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р.Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (службен весник бр.76/2020 од 24.03.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, донесена на 28 седница на Владата на Р. Северна Македонија одржана на ден 25.03.2020 година, Охридска банка во моментов работи во насока на подготовка на соодветна понуда до сите клиенти, со цел да им овозможи надминување на потешкотиите кои би ги имале со сервисирањето на кредитните обврски во време на корона-кризата. Овие олеснувања ќе важат како за физичките, така и за правните лица.

„Деталите за олеснувањата и новите договорни услови ќе бидат објавени наскоро, штом завршат интерните прилагодувања на системите на Банката. Понудите за физичките и правните лица ќе бидат објавени на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk , а исто така ќе биде и прецизно објаснет начинот за постапување во однос на Понудите. Како финансиска институција со одговорност кон своите вработени, кон клиeнтите и кон економијата во целина, Охридска банка АД Скопје веќе воведе низа мерки со кои се обидува да понуди низа олеснувања за своите клиенти. Имено, до 15 април, 2020 година, се укинати сите провизии за денарски трансакции направени преку мобилното и електронското банкарство на Охридска банка. Со оваа одлука, Банката сака да ги поттикне своите клиенти да ги користат електронските канали со кои можат самостојно да извршат редовен сет на банкарски услуги без да ја посетат својата матична експозитура, а со тоа да намалат лични контакти и да избегнат редици. Исто така, Банката овозможи предвремена исплата на мартовските пензии за сите клиенти, приматели на пензија преку Охридска банка, чија исплата започна од 25 Март 2020г“, стои во соопштението. 

Дополнително, Банката одлучи дека нема да бара поврат во 2020 година на повеќе уплатените аконтации за данок од добивка во 2019 година, што е исто така уште еден стимул кон државниот буџет, во овој тежок период.

Охридска банка го реорганизираше сопственото работење и продажната мрежа за да овозможи на поголем број вработени да ги користат мерките за работа од дома, а со тоа и поголема превенција, но од друга страна и понатаму да ги нудат финансиските услуги на своите клиенти како доверлив партнер.

Особено важно, сите локации каде што е пристуна Охридска банка се снабдени со дезинфициенси и видливи препораки за превенција за да се намали ризикот по јавното здравје и при потреба од посета на експозитура.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија