25 Април, 2024
0.1493

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти, наменет за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Во рамки на годишната стратегија за општествена одговорност, Охридска банка Сосиете Женерал денес ја најавува својата платформа за општествена одговорност наречена, ОБСГ Клуб на таленти, која ќе има за цел да пронаоѓа млади, амбициозни и талентирани лица во различни области и истите финансиски да ги поддржува.

ОБСГ Клуб на таленти, како концепт, ќе функционира на база на конкурси кои ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Сите заинтересирани кои ќе ги исполнуваат условите ќе може да се пријавуваат, а Банката како основач на клубот заедно со однапред дефинирано стручно жири во секоја област, ќе избира финалисти и еден победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Првиот конкурс на Банката заедно со темата и условите за учество, во рамки на Клубот на таленти ќе биде објавен на почетокот на јули, годинава. 

Водејќи се од основните принципи на работењето, тимски дух, иновација, посветеност и одговорност, Охридска банка Сосиете Женерал како општествено-одговорна компанија, на годишно ниво издвојува значаен износ на финансиски средства кои ги насочува во различни области како култура, спорт, образование и тн., секогаш изнаоѓајки таленти и потенцијали на кои им е потребна поддршка за развој на својот талент, доедукација и усовршување во својата насока, се со цел да помогне во развојот на сите млади кои покажуваат потенцијал во одредена насока. 

Како општествено одговорна компанија со сериозен годишен план сме искрено насочени кон помагање на заедницата. Ја создаваме платформата за општествена одговорност наречена ОБСГ Клуб на таленти, со цел под една капа да ги ставиме сите наши заложби во оваа насока. Минатата година со 10.000 евра поддржавме една одлична изнис идејата, која денес прерасна во сериозен бизнис. Овојпат преку конкурси во различни области ќе се насочиме во други насоки. Сакаме да оставиме белег и придонес во општеството и истовремено да дадеме поддршка на младите потенцијали на нашата земја, баш кога тоа им е најпотребно’’, изјави Нина Неданоска, Член на УО на Охридска банка Сосиете Женерал.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет