20 Април, 2024
0.0324

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ ЈА ПРОДОЛЖУВА ПРОМОЦИЈАТА НА СВОИТЕ ПРОИЗВОДИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СВОИТЕ КЛИЕНТИ

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Почнувајќи од 15 Септември, Охридска банка АД Скопје воведува дополнителни промотивни услови на своите производи. Имено, станбениот кредит, кеш кредитот, како и хипотекарниот кредит кој ги нуди банката, сè до 31 Декември 2019 година, клиентите може да ги добијат со унапредени промотивни услови кои им овозможуваат олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот и хипотекарниот кредит.

Промотивно, до 31 декември 2019 г., станбениот кредит „5+“ ќе биде достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.


Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административните трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 Декември 2019 година, каматната стапка започнува од 5,1%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија. Така на пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 95 месеци со моделот (1+7), во првите дванаесет месеци каматната стапка изнесува 5,1%, а следствено на тоа ратата изнесува 7.937 денари, а од тринаесеттиот до девеесет и петиот месец, ратата од кредитот изнесува 8.653 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.

Кеш хипотекарниот кредит од Охридска банка ви овозможува да ги спакувате сите свои обврски и рати во еден кредит во вкупен износ до 50.000 евра со рок на отплата до 20 години и да плаќате една месечна рата со поволни услови. До крајот на годината овој кредит на клиентите ќе им биде достапен со фиксна каматна стапка од 4,5% за првите три години и без административен трошок за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.

Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на своите клиенти да аплицираат онлајн за било кој производ за кој се заинтересирани. Во своето портфолио Банката постојано воведува нови можности и унапредени услови за своите произоди со цел создавање на конкурентна понуда која ќе биде едноставна, лесно достапна и прилагодена на потребите на клиентите. Водејќи се од начелата за иновативност, посветеност и одговорност, Банката секоја година во континуитет е препознаена како најдобра банка во Македонија од значајни меѓународни банкарски авторитети.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на новата веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга