20 Април, 2024
0.0642

Oхридска банка воведува промотивни услови на кредитите за физички лица

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на кредитите наменети за физички лица. Станува збор за промоции со кои се олеснува аплицирањето и отплатата на кредитите, на начин што банката ги исклучува административните трошоци, односно нотарските трошоци зависно од типот на кредитот. Па така, ненаменскиот кредит „Лесен кеш кредит“ е достапен без административен трошок за апликации за кредити со вклучено кредитно животно осигурување (КЖО) до 14 септември, 2019г. Кредитот има гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.


На пример, за кредитот со модел 2+6 со вклучено КЖО во износ од 1.200.000 денари со рок на враќање од 8 години, каматната стапка за првите две години месеци изнесува 5,75%, односно ратата за првите две години е 16.257 денари, додека од дваесет и петиот до деведесет и петиот месец, ратата изнесува 17.090 денари, а каматната стапка е 7,55%. Станбениот кредит „5+“ е достапен со одлични услови, без административен трошок за апликации до 14 септември, 2019 година и фиксна каматна стапка за првите 5 години. За станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 20 години, со вклучено кредитно животно осигурување, за првата година каматната стапка изнесува 3,10%, а ратата би била 174 евра, за втората и третата година каматната стапка изнесува 3,30% а ратата 178 евра, а за четвртата и петата година каматната стапка изнесува 4,55%, а ратата 210 евра. По петата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор. 

Понудата за кеш хипотекарниот кредит на Охридска банка дава можност за рефинансирање. Со овој кредит на клиентите им се дава можност да ги спакуваат сите свои обврски кои ги имаат по разни основи во други банки и да ги отплаќаат со една месечна рата која е особено поволна. Кеш хипотекарниот кредит нуди фиксна каматна стапка за првите 3 години, а дополнителната атрактивност на овој производ е тоа што во промотивниот период до 14 септември 2019 год., кредитот е достапен без нотарски и без административни трошоци. Промотивните услови на кредитите за физички лица на Охридска банка Сосиете Женерал им овозможуваат дополнителни поволности на клиентите во остварување на своите инвестициски планови за нов дом, реновирање, патување и слични желби преку атрактивната понуда активна до 14 септември, 2019 година. 

Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија посветена кон исклучително корисничко искуство и задоволство на клиентите, ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ ОРЦЕ НИКОЛОВ 54 1000 СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА obinfo@ob.com.mk www.ohridskabanka.mk РЕШЕНИЕ НА ГУВЕРНЕРОТ НА НБРМ: БР. 15810 ОД 30.04.2013 м постојано создава квалитетни финансиски услуги, па во оваа насока ја создаде и промотивната понуда. Повеќе информации за актуелните понуди на Банката можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата. 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга