Охридска Трансфузиологија почнува со работа од понеделник
Објавено во: Македонија 04 Април, 2020
По три неделната пауза, од понеделник повтроно ќе почне со работа одделението за трансфузиологија во Охрид. Тестовите на медицинските лица покажуваат дека се негативни на Ковид-19, а една од вработените, за која постоеше сомневање дека имала изложе. На една од вработените која беше во контакт со пациент заболен од Ковид 19 и биле направени три дополнителни тестови и сите биле негативни. Во Струга пак направена е епидемиолошка анкета на медицинските лица од интерно-дневна амбуланта и рентген кои биле во контакт со заболени пациенти, но истите немале никакви симптоми.
Директорот на струшката болница Аслани вели дека негативни биле и тестовите на трудниците од критичните региони во струшко.
Инаку од понеделник до сабота на 10 до 15 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во Центарот за јавно здравје од страна на екипи максимално заштитени и во посебна просторија.