14 Јули, 2020
0.0244

ОХРИДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ПОЛИЦАЈЦИ НА ТЕРЕН - казни за сместувачите што кршат правила

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Откако се наполнија со скопјани и граѓани од другите региони во земјава кои мораат да седат во тридневен карантин, охриѓани вршат засилени проверки, а и се казнуваат оние сместувачки капацитети и издавачи на станови што биле недисциплинирани и не ги почитувале правилата. 

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржал состанок на кој покрај постојаните членови, присуствувал и Раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид. На состанокот биле донесени неколку заклучоци.

Поради зголемениот број посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од коронавирусот.

Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од КОВИД-19, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.

По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.

Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“ - да се носат заштитни маски; да се одржува потребна дистанца; да се одржува лична хигиена според препораките; да не се организираат семејни собири и други слични групирања; и да се почитува во целост полицискиот час.

А голем број граѓани од Скопје и од другите општини под карантин, заминаа токму во Охрид. Вчера времето им беше убаво, но денеска не им се погоди.

Поединци не се придржуваа на препораките за носење заштитни маски. Зголемената посетеност во градот донесе поголеми гужви на јавните места како шеталиштата, како и на продавниците и маркетите.

Можеби ќе ве интересира

Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација

Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

До 15 часот гласаа 340 луѓе кои се во самоизолација

До 15 часот гласаа 340 луѓе кои се во самоизолација

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Кој ќе се обрати на Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце?

Кој ќе се обрати на Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце?

Maкедонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Maкедонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Познато како ќе работат базените и плажите

Познато како ќе работат базените и плажите

ВАЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Во Косово влез само со негативен корона тест

ВАЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Во Косово влез само со негативен корона тест

На 15 јули ќе може да се подигнат лични карти

На 15 јули ќе може да се подигнат лични карти