19 Април, 2024
0.0275

ОИЛКО со профит од 1,4 милиони евра

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Транспортната компанија специјализирана за патен превоз на нафтени деривати за девет месеци има профит два пати поголем од истиот период лани. Како профит остануваат 24,5 отсто од приходите од продажба. Аплауз за бизнис моделот

Оилко за првите девет месеци годинава оствари приходи од продажба што се за 21 отсто повисоки од реализацијата истиот период лани, покажуваат официјалните резултати .

До крај на септември ОИЛКО, чиј најголем деловен партнер му е „Макпетрол“, инкасирал 5,6 милиони евра од транспорт на деривати. Во споредба со лани приходот од продажба т.е. од транспортните услуги е поголем за 21 отсто односно за 954.000 евра. Во структурата на приходи доминира продажбата на домашниот пазар која во споредба со лани пораснала за 20 отсто односно за 866.000 евра и достигнала 5,2 милиони евра. Извозот на услуги на ОИЛКО за првите девет месеци му носи околу 368.000 евра и тука растот, процентуално изразено, е највисок и изнесува 32 отсто во споредба со истиот период лани.

Оперативните расходи на ОИЛКО за првите девет месеци изнесуваат 4,67 милиони евра и тие се повисоки за 6 отсто во споредба со истиот период во 2018 година. Најголема трошочна ставка во структурата на расходи се трошоците за вработени кои изнесуваат 1,55 милиони евра и во однос на лани се повисоки за 15 отсто. Трошокот за суровини и други материјали изнесуваат 1,5 милиони евра и книжат раст од 5 отсто во однос на лани.

Оперативната добивка за овој период е 930.000 евра и тоа е тројно подобар резултат од лани. Дополнително „појачање“ има од финансиските приходи кои на ОИЛКО му носат 544.000 евра во услови кога финансиските расходи се само 150 евра. Нето добивката е 1,37 милиони евра и е удвоена во споредба со истиот период лани.

Како беше во првите шест месеци?

ОИЛКО во првите шест месеци годинава оствари приход од 3,2 милиони евра што е за 13 отсто подобар резултат од истиот период лани.  Во споредба со лани годинава приходите од продажба се зголемени за речиси 360.000 евра. Растот на приходите на домашен пазар е за 248.000 евра во споредба со лани и тие изнесуваат 2,92 милиони евра. Растот на продажбата надвор од земјава изнесува околу 110.000 евра.

Оперативните расходи на компанијата изнесуваат 2,97 милиони евра и тие се 6 отсто повисоки од расходите во истиот период лани. Најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои се речиси еден милион евра и трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат околу 950.000 евра. Оперативната добивка е 232.000 евра и е безмалку за три пати повисока од оперативната добивка во истиот период лани. Нето добивката за половина година е 202.000 евра и е речиси три пати поголема од профитот во истиот период лани. Од билансот на успех се гледа дека компанијата нема долгорочни обврски, а краткорочните обврски на компанијата се зголемени за над половина милион евра во однос на истиот период лани.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји