ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2025 16:53
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска спроведе увид во Вишото јавно обвинителство во Скопје, во рамки на истрагата за кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, како и малтретирање во вршење на службата, поведена против јавен обвинител.
„Обвинителот, заедно со стручни соработници од ОЈО Штип, детално ги анализираше и документираше податоците внесени во уписниците, како и начинот на распределба на предметите. При увидот, се направи споредба со исказите на оштетените лица, кои тврдат дека имало неправилности и интервенции во распоредувањето на предметите“, велат од Обвинителството.
Сите собрани докази се обезбедени во согласност со Законот за кривична постапка, а за извршениот увид ќе биде составен официјален записник со констатации за присутните лица. Истрагата продолжува, а обвинителството најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за целосно расветлување на случајот.Можеби ќе ве интересира
Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО
