23 Март, 2025
0.0375

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2025 15:25

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда одржа претходно договорен онлајн состанок со претставници на специјализираниот аналитички центар на Европол надлежен за борба против корупцијата со цел разгледување на можностите за воспоставување продлабочена соработка во предмети од областа на корупцијата.

„Врз основа на заклучоците од состанокот и на претходните согледувања од спроведувањето на Упатството за давање приоритет на предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска го дополни тоа задолжително упатство за да ја уреди постапката за обезбедување на податоци и информации за банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство, а кои се однесуваат на предмети од областа на корупцијата, без оглед дали учесници во корупција се приватни лица, лица со јавни овластувања или носители на јавни функции, односно против сите инволвирани во акти на корупција без оглед на нивна улога и статус. Согласно донесените одредби, доколку во предметите за кривични дела од областа на корупцијата постојат информации или индиции дека осомничените лица може да поседуваат банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство, потребно е задолжително да се испитаат таквите околности, а јавните обвинители притоа добиваат можност да ја користат експертизата и дата базите на Европол. Упатството е донесено пред се имајќи ја предвид долготрајноста на постапките за меѓународна соработка, па предност дава на проверка на индициите и информациите за постоење на банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство преку каналите на полициска соработка на Европол, пред да започне формалниот процес на обезбедување на докази по пат на меѓународна соработка“, велат од ОЈО. 

Проверките ќе се вршат преку Европскиот центар за економски и финансиски криминал (EFECC) и тоа од Тимот за финансиски криминал – Аналитичкиот проект против корупција, при што упатството го појаснува начинот на кој се подготвува таквото барање, како и начинот на проследување на барањето и роковите за постапување. Мерките кои ги презеле јавните обвинители за проверка на наведените околности треба да бидат составен дел од извештаите кои задолжително треба да ги поднесуваат јавните обвинители согласно претходно донесеното упатство.

Можеби ќе ве интересира

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки