29 Март, 2024
0.0774

ОКТА додели стипендии за постдипломски студии на УКИМ

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ОКТА преку својата програма за стипендирање, и во време на криза и големи предизвици, продолжи со поддршка на образованието и на новите генерации во државата. Како дел од корпоративно општествено одговорната стратегија,  компанијата додели пет целосни стипендии за втор циклус студии на дел од најуспешните студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа програма се реализира четврта година по ред, а годинава стипендии добија по двајца студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии и на Технолошко - металуршкиот факултет и еден студент на Природно - математичкиот факултет (Институт за хемија).

Со цел придржување до протоколите за заштита од пандемијата со КОВИД-19, традиционалната посета на компанијата, годинава беше заменета со онлајн средба на добитниците на стипендија со главниот извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ.

„Воопшто немавме дилема дали да ја продолжиме нашата програма за стипендирање, бидејќи инвестирањето во идните генерации и надградбата на нивните знаења и вештини секогаш е исправна одлука. Наша примарна цел е да ги охрабриме и да ги мотивираме успешните студенти да го продолжат образованието и постојано да истражуваат и да иновираат. Во крајна линија, токму квалитетното образование е еден од основните предуслови за идниот економски развој на државата и ОКТА како компанија ќе продолжи да вложува силни напори за да го помогне овој процес“, вели Радовиќ.   

Поддршката на образованието е еден од столбовите на стратегијата за корпоративна општествена одговорност на ОКТА. Компанијата во изминатите четири години додели вкупно 35 стипендии за постдипломски студии на УКИМ, како и седум стипендии за втор циклус студии на универзитетите во Грција. Дополнително, ОКТА придонесува за професионалниот развој на младите луѓе преку својата практикантска програма низ која во изминатиот период минаа голем број студенти.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца