25 Април, 2024
0.0282

ОКТА инсталираше фотоволтаична централа на меѓународното училиште НОВА

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ОКТА АД - Скопје и Меѓународното училиште НОВА преку меѓусебна соработка пуштија во употреба две фотоволтаични централи, поставени на покривот на двете згради на училиштето. Централите ќе произведуваат електрична енергија од обновливи извори, од која дел ќе се користи за потребите на училиштето, а остатокот ќе биде наменет за слободниот пазар. Ова е четврта фотоволтаична централа поставена од ОКТА што е дел од стратегијата на компанијата за учество на пазарот за производство и снабдување со електрична енергија преку примена на иновативни технологии и заштита на животната средина.

„Со поставувањето на новата фотоволтаична централа, ја продолжуваме трансформацијата на ОКТА во модерна енергетска компанија која континуирано ги зголемува своите капацитети за производство на енергија од обновливи извори. Преку ваквите проекти, исто така им помагаме на нашите партнери да ја рационализираат потрошувачката на струја преку значителна заштеда во споредба со користењето енергија генерирана од согорување фосилни горива. Дополнително, за нас е особено важно да придонесеме кон развивање на свеста од потребата за поголема употреба на обновливите извори на енергија и намалување на влијанието на јаглеродот што има значителни ефекти врз животната средина“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Двете фотоволтаични централи се со вкупна инсталирана моќност од 125 kW и очекуван животен век од над 25 години. Поставени се вкупно 440 фотонапонски панели од светски реномираниот производител Multicrystalline Trina Solar, два инвертора HUAWEI SUN2000-60 KTL-MO и еден инвертор HUAWEI SUN2000-33KTL-А. На годишно ниво, централите ќе произведуваат околу 160 MWh зелена електрична енергија.

„Како училиште во кое главниот фокус е ставен на иновативноста и примената на технолошкиот развој, во согласност со еколошката одговорност, поставувањето на фотоволтаичната централа е целосно во корелација со сето она за кое се залагаме и што им го пренесуваме како вредност на нашите ученици. Соработката со ОКТА покажа дека е возможна успешна синергија помеѓу голема енергетска компанија и меѓународно училиште. Веруваме дека оваа инвестиција ќе има позитивен придонес во нашето оперативно работење, но уште поважно, ќе ја подигне свесноста кај целата наша ученичка популација за потребата од личен придонес кон одговорно однесување во нашето опкружување“, изјави Иван Новаковски, директор на Меѓународното училиште НОВА.

ОКТА претходно инсталираше три фотоволтаични централи, од кои една за сопствени потреби, во кругот на компанијата, и по една на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и на Конфекција и трикотажа АД Единство во Струмица. Во претстојниот период енергетската компанија планира пуштање во употреба на уште еден ваков производствен капацитет

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan