25 Април, 2024
0.0375

Окта: Во Македонија се увезува мазут кој не е по стандарди, државата ги пропушта цистерните

Објавено во: Економија 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Државата дозволува увоз на мазут кој отстапува од стандардите, обвинува нафтената компанија „Окта“. Оттаму тврдат дека и покрај тоа што имаат доказ, надлежните институции не го запреле увозот на мазут од српската рафинерија во Панчево, кој не бил по пропишаните стандарди согласно Правилникот за нафтени деривати. Станува збор за увоз на мазут за кој е утврдено дека има таканаречна кинематична вискозност над дозволените граници. Тоа го потврдила и акредитирана лабораторија во земјава, но и покрај резултатите, ниту Царинската управа, ниту Државниот пазарен инспекторат не издале забрана за увоз, па цистерни натоварени со ваков мазут и сега поминуваат во земјава. Од Пазарната инспекција велат дека сеуште немаат потврдени резултати од земените мостри, но тврдат дека тие не можат да запрат увоз. 

КОЈ УВЕЗУВА И ШТО?

„Имунитетот на земјата е многу слаб. Примерот за кој ние знаеме и е докажан е само еден, но може да се постави прашањето дали и како се контролира увозот во земјава и на нафтени деривати и на се друго. Тоа ја подрива конкуренцијата и не е добро ниту за државата ниту за граѓаните, велат од „Окта“.

Објаснуваат дека од минатиот месец кавадаречки „Фени“, кој порано купувал мазут од „Окта“ почнал да го набавува од рафинеријата во Панчево, Србија. Велат дека станува збор за приватна компанија која сама носи одлуки за набавката, но сакале да проверат каков сертификат има мазутот кој се увезува во земјава за потребите на оваа фирма. „Окта“ утврдила дека станува збор за увоз на мазут со сертификат во кој стои дека еден параметар отстапува од стандардот. И покрај тоа од април наваму, цистерни натоварени со ваков мазут без проблем се пропуштаат во земјава. „Окта“ ја алармилара и Царинската Управа, но таму кревале раменици. Работата стасала и до други институции, но и до Пазарната инспекција. По денови натегања и молби, минатиот петок цистерните биле запрени и од нив биле земени мостри. Од „Окта“ велат дека лабораториски било докажано дека кинематичката вискозност на горивото отстапува од стандардот, но и покрај доказот увозот не бил запрен.

Инаку од „Окта“ тврдат дека резултатите од акредитираната лабораторија покажале дека во мазутот од Панчево имало кинематичка вискозност од 32,7, а стандардот во Македонија е да биде помала од 28 единици.

КАЗНА ЗА УВОЗНИКОТ, АМА УВОЗОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ

Од Пазарната иснепкција за Фактор велат дека уште не ги добиле резултатите од мострите. Директорот Стојко Пауновски вели дека веднаш постапиле по поплаката на „Окта“. Лабораторијата Макинспект земале мостри од  шест цистерни и досега резултатите не биле испратени во инспекторатот.

„Ние не пропуштаме цистерни, но нема ни право да ги запреме. Ако се докаже дека се отстапува од стандардот, за прекршокот предвидени се казни, глоба до 10.800 евра. Увозот не можеме да го запреме, но тој е под надзор. За тоа ќе ја известиме и Царинската управа. „Фени“ може и да се жали, а може да бара и анализи од меѓународна лабораторија. Увозот ќе продолжи мазутот ќе се складира во нивни простории, но не смее да се користи“, вели Пауновски.

Се тврди неофицијално дека увозникот купува време со овој увоз, затоа што со измени во Правилникот кој не е променет долго време и во Македонија ќе се променат дозволните граници на вискозност во мазутот и ќе бидет 35, како што е и во Европската Унија.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди