25 Април, 2024
0.0260

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед дека се продолжува животниот век, ќе им требаат повеќе ресурси за да можат да живеат квалитетно и во староста. Поради ова, за обезбедување пристоен животен стандард во староста, треба навреме да се размислува и да се преземе одговорен пристап за планирање на својата иднина.Октомври, светскиот месец на штедење, можеби е идеален момент за да го преземете овој чекор и да почнете да штедите за посигурни пензионерски денови.

Еден од начините за штедење за периодот кој доаѓа по завршување на работниот век е дополнителното издвојување во приватните пензиски фондови кои работат во рамките на третиот пензиски столб, каде издвојувањето на средствата е на доброволна основа. Во денешни услови на перманентен пад на каматите на штедните влогови во банките, ова е можеби и најдобар начин на штедење за да се обезбеди дополнителна пензија, бидејќи приносот кој го остваруваат пензиските фондови е далеку поголем од оној кај банките.

Во развиените земји дополнително издвојување за пензија одамна е пракса. Така, во Европа и САД над 50% од работоспособното население издвојува за дополнителна пензија, додека во Јапонија процентот е највисок – дури 80 %. Дополнителната пензија е всушност онаа која на старите лица во развиентие земји им дава можност за патувања, за посета на дестинации кои не биле во можност да ги посетат додека работеле, но им гарантира и квалитетна здравствена нега.

Последниве години и кај нас расте интересот за доброволно издвојување средства за посигурна старост, иако е далеку зад она што е пракса во развиените земји. Издвојувањето може да биде за различни цели - да се обезбеди повисок приход по пензионирањето на вработените лица, пензиски приход на лица кои не се вработени или лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и пензии за оние кои немаат приходи по ниедна основа. Издвојување може да се врши и за трети лица – брачни другари, членови на семејството, односно за обезбедување пензиски приходи на сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години, но немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување ниту, пак, се корисници на истата.

„Периодот за пензија може да биде 20, 30 или повеќе години. Основната пензија што едно лице ја заработило преку годишни придонеси во задолжителните пензиски фондови може да не биде доволна за да го обезбеди стандардот на живеење на каков што некој е навикнат за време на работниот век и каков што сака да го има и во староста. Токму затоа штедње за третото доба може да биде една од најзначајните инвестиции во животот на секој човек, за што треба навреме да се размислува. Но секако, и никогаш не е доцна да се почне да се штеди за старост“, вели Предраг Милошевски, втор генерален директор во КБ Прво пензиско друштво.

Во ова друштво, издвојувањето средства на доброволна основа во третиот пензиски столб е организирано во рамките на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд кој на крајот на септември  имаше14.414 членови кои на овој начин штедат за посигурна старост.

„Предност на штедењето во третиот столб лежи во тоа што уплаќачот или осигурителот во доброволниот фонд има право слободно да ја одредува висината на уплатениот износ и динамиката на уплатата, а промената на висината на уплатата, или прекинот на уплатата не значат прекин на членството. Собраниоте средства можат да се повлечат најрано десет години пред возраста за стекнување право на старосна пензија, што во моментов значи најрано на возраст од 54 години за мажи, односно 52 години за жени“, објаснува Милошевски.

Тој додава дека во овој фонд позастапено е издвојувањето од страна на компаниите за дел од вработените, при што тие ги користат и поволностите кои ги дава државата за одвојување средства во третиот пензиски столб, во поглед на персоналниот данок, материјални трошоци и друго. Имено, за да се стимулира штедењето преку пензиски шеми, фирмите доколку уплатат две бруто плати, или околу 72 илјади денари на годишно ниво се ослободуваат од сите придонеси и данок на личен доход и овие средства се сметаат како признат трошок на фирмата. За износот на уплатите кои се над овој износ, фирмата е должна да плати данок на личен доход и овој износ не е признат како трошок на компанијата. За дополнителна пензија може да уплаќаат и компании од странство кои имаат ангажирано лица од нашата земја.

Колку порано почне да се размислува за пензионерските денови, тоа подобро бидејќи така се мисли не само за себе, туку и за своите најблиски. Октомври, месецот на штедење нека ви биде поттик да почнете да штедите за пензија.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо