28 Март, 2024
0.0285

Олег Телној ја презема функцијата генерален директор на рудникот САСА

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Од 17-ти мај функцијата генерален директор на рудникот за оволо и цинк САСА од Македонска Каменица ја извршува Олег Телној.

Назначувањето на Олег Телној за нов генерален директор на САСА е дел од долгорочната  стратегија за развој на САСА поставена од страна на инвеститорот – компанијата Централ Азија Металс од Лондон.

Новиот генерален директор на најголемата македонска рударска компанија е квалификуван инженер и искусен професионалец за финансиско и деловно управување во рударството, кој повеќе од 10 години извршувал одговорни задачи и функции во деловните операции на Централ Азија Металс. Тој на раководната позиција во САСА доаѓа од местото генерален директор на операцијата за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан, кадепод негово раководство се постигнати одлични резултати.

-  Моите првични импресии се дека рудникот САСА располага со навистина голем потенцијал за натамошен развој. Во изминатиот период направени се сериозни вложувања во модернизација на рудникот, а постигнати се и значајни резултати во поглед на благосостојбата и безбедноста на вработените, како и во заштитата на животната средина, што остануваат наши клучни приоритети. САСА располага со искусен, стручен и посветен кадар и јас верувам дека преку заедничка соработка ќе ги оствариме сите поставени развојни цели на компанијатаод што придобивки ќе имаат сите - изјави новиот генерален директор на САСА, Олег Телној, веднаш по стапувањето на функцијата.

Новиот генерален директор на САСА е дециден дека компанијата под негово раководоство ќе продолжи со инвестициите во сите клучни сегменти со кои треба да се обезбеди уште поефикасно работење, а ќе продолжи и со натамошна реализацијата на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија