29 Март, 2024
0.0288

Oлена Зеленска вели дека до три години ќе издржат без струја ако треба

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Првата дама на Украина, Олена Зеленска вели дека до три години ќе издржат без струја ако треба.

Украинците се упорни да ја добијат војната против Русија.  Над 90 отсто од Украинците рекле дека се подготвени да живеат со недостиг на струја и во следните две до три години ако можат барем да видат можност за пристапување на земјата  во Европската унија. Ова на новинарите на Би-Би-Си им го кажа Олена Зеленска. Таа живее одвоено со децата додека нејзиниот сопруг „живее на работа“. Таа не се жали од ситуацијата, туку повторува дека земјата ќе продолжи да се бори без оглед на сѐ бидејќи „без победа не може да има мир“.

„Имавме толку многу страшни предизвици, видовме толку многу жртви, толку многу уништувања, што затемнувањето не е најлошото нешто што може да ни се случи. Знаете, лесно е да се трча маратон кога се знае колку километри има. Во овој случај, сепак, Украинците не знаат колку треба да трчаат. Понекогаш може да биде многу тешко. Но, има некои нови емоции кои ни помагаат да се одржиме“, вели Зеленска. 

Според неа, сите Украинци ќе станат посилни поради оваа војна.

Русија уништи дел од електричната инфраструктура во Украина. 

Поранешниот украински министер за економија Тимофиј Миланов на Твитер опиша како е да се живее во Киев без струја, греење и вода додека температурата е на нула.

„Не сум загрижен за греење додека температурата не падне под 10 степени“, вели тој. 

За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Проценките на Форбс покажуваат дека Русија потрошила четвртина од својот годишен буџет за војната во Украина. Форбс објави дека Русија потрошила 82 милијарди долари за својата инвазија во текот на првите девет месеци од војната, додека минатогодишниот приход на рускиот буџет бил 340 милијарди долари.

фото Твитер принтскрин Би Би Си

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?